Будуќност во драматичен меч ја победи Звезда и избори „мајсторка“

271

Кошаркарите на Будуќност вечерва славеа над Црвена Звезда со резултат 81:80 во четвртиот меч од финалето на АБА лигата. Во драматичен и возбудлив натпревар „сините“ го урнаа големиот ривал и се изборија за петти меч.

Звезда на полувреме водеше со 42:39, тимот на Дејан Радоњиќ имаше и двоцифрена предност (68:58), а Будуќност остана и без Вили Рид кој се повреди. Сепак црногорскиот шампион се крена и успеаа да се вратат, а во финишот и да го свртат резултатот во своја корист.

Будуќност поведе со 81:80, а Звезда имаше два напада за победа, прво не погоди Лојд, а потоа промаши Давидовац. На мечот Џастин Кобс од Будуќност уфрли 22 поени, додека кај Звезда најефикасен беше Џордан Лојд со 23 поени.

Па така на 28 мај во Белград ќе се игра „мајсторката“ и победникот ќе биде шампион на АБА лигата.

ПретходноФода избриша четворица играчи од списокот на Австрија за ЕП
СледноРоналдо: Ја остварив целта која ја поставив кога дојдов во Италија