Газета најавува: Ангеловски на клупата на Џенова!

1000

Италијанска Газета најавува сензационален трансфер на актуелниот македонски селектор Игор Ангеловски, кој идната сезона би можел да ја води Џенова.

Џенова веројатно ќе се раздели со Давиде Балардини, па така во опција е и Ангеловски, по успехот и пласманот на македонскиот национален тим на ЕП.

Секако дека најсилен адут е Горан Пандев, кој што е „икона“ на Џенова, и натаму не знае дали ќе замине во пензија, или ќе продолжи уште една сезона со активното играње.

Претседателот на Џенова, Енрико Прециози не сакаше да ги коментира тие најави.

ПретходноЧупиќ: Покрај Хрватска, ќе навивам за Македонија на ЕП, знам колку им значи
СледноУрнебесна прослава на Милан по пласманот во ЛШ (ВИДЕО)