Гвардиола е избран за најдобар менаџер во Премиер лигата

149

Манчестер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја доби наградата „сер Алекс Фергусон“, за најдобар менаџер на изминатава сезона во Премиер лигата во изборот на Асоцијацијата на премиерлигашки менаџери во Англија.

Шпанскиот стратег ја освои шампионската титула во Премиер лигата со Манчестер Сити, како и трофејот во Лига Купот на Англија. Го одведе тимот и до финалето во Лигата на шампионите против Челзи.

Тој оваа награда ја добива втор пат во кариерата.

ПретходноПо 250.000 евра за нашите претставници во Лигата на Конференции
СледноФода избриша четворица играчи од списокот на Австрија за ЕП