Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, денеска на прес-конференција го објависписокот на фудбалери со кои „фуријата“ ќе настапи на престојното ЕП. Интересно, во списокот на Енрике нема неколку досегашни стандардни репрезентативци, почнувајќи од капитенот на Реал (М), Серхио Рамос, па преку неговиот клупски колега Марко Асенсио, Начо Гонзалез, Кепа… Исто така необично е што Енрике одбра 24 фудбалери, иако има можност да направи список од 26 имиња.
„Повеќето репрезентации имаат 26 играчи поради проблемите со Ковид и календарот тоа го бараше. До 48 часа пред првиот натпревар можеме да вклучиме било кој играч ако се случи повреда или случај со Ковид. Не брзаме“, изјавил Енрике.
ГОЛМАНИ: Унаи Симон, Давид де Хеа, Роберт Санчез
ОДБРАНА: Хозе Гаја, Жорди Алба, Пау Торес, Ајмерик Лапорт, Ерик Гарсија, Диего Љоренте, Цезар Аспиликуета, Маркос Љоренте
СРЕДЕН РЕД: Бускетс, Родри, Педри, Тиаго Алкантара, Коке, Фабијан Руиз.
НАПАД: Дани Олмо, Ојарзабал, Мората, Жерард Морено, Феран Торес, Адама Траоре и Сарабија.