Интер и Јувентус ќе се пресметаат во Саудиска Арабија

154

Суперкупот во Италија ќе се игра во Саудиска Арабија, потврди претседателот на Серија А, Пауло Дал Пино.

„Лигата воспостави контакт со Саудиска Арабија, мислиме дека ова е вистински потег за проомоција на нашата лига и на останатите континенти, но и држави во светот. Дуелот меѓу Интер и Јувентус ќе привлече доста навивачи, но и маркетиншки ќе биде силен потег. Во прашање се два клуба кои имаат фанови во целиот свет“, изјави претседателот на Серија А. 

Уште не е потврден градот и стадионот каде ќе се игра овој дуел.

ФОТО: Јувентус/Твитер

ПретходноРамос со порака до соиграчите пред стартот на ЕУРО
СледноБочески: Желбата е по една деценија да го вратиме Охрид во ПМФЛ!