Како што е познато, Македонија во новата Конференциска лига ќе учествува со три екипи. Шкупи, кој сеуште чека на тоа да види дали ќе биде носител во 1.квалификациско коло, како и Силекс и Струга ТЛ кои и дефинитивно ќе бидат аутсајдери на стартот.
Токму затоа сега не може да се шпекулира со имињата на можните ривали на чаирчани, кои ако навистина бидат носители тогаш би можеле да добијат ривал по мерка што се вели.
Силекс и Струга ТЛ пак би можеле да се паднат со екипи како Марибор, МОЛ Фехервар на Висар Муслиу, Сараево на Крсте Велкоски, Спартак Трнава, ТНС, Дандалк, Судува, Клаксвик, КуПС Куопио, Хафнарфјордур, Сутјеска Никшиќ, Европа, Лиепаја, Хибернијанс, Левадија, Дрита, Фиорита, Ујпешт, Пушкаш, Сласк Вроцав.
Да, тоа се познати и квалитетни ривали, но со малку среќа и Силекс и Струга ТЛ би можеле да добијат противник кој би го минале во 1.квалификациско коло во Конференциската лига.
Инаку за учество во 1.квалификациско коло во КЛ, трите наши екипи ќе заработат по 150.000 евра. Во случај да се пласираат во следната рунда, наградата е нови 350.000 евра.
Додека за пласман во третото квалификациско коло “премијата“ е нови 500.000 евра. А учество во плеј – офот ќе носи дополнителни 750.000 евра.
Ждрепката за првото квалификациско коло во КЛ е на 15 јуни, додека мечевите се играат на 8 и 15 јули.