Левандовски првпат ја освои златната копачка

110

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски е најдобар стрелец во сезоната во Европа.

Триесет и двегодишниот Полјак ја освои Златната копачка за прв пат, постигнувајќи 41 гол на 29 натпревари во Бундеслигата.

Левандовски ги победи Лионел Меси од Барселона (30 гола на 35 натпревари во Ла Лига) и Кристијано Роналдо од Јувентус (29 голови на 33 натпревари во Серија А).

На крајот на минатата сезона, наградата му припадна на Чиро Имобиле од Лацио (36 гола во Серија А).

Рекордер по бројот на освоени награди е Лионел Меси, кој шест пати ја доби Златната копачка.

ПретходноМалдини „меѓу редови“ кажа дека Пиоли останува во Милан
СледноЧеферин го промовираше пехарот наменет за шампионот во новата Конференциска лига на УЕФА