Неверојатни 12 месеци за Педри: Од дебитант во Ла Лига, до ЕП со Шпанија!

359

Какви 12 месеци за младиот фудбалер на Барселона, Педри. Ова талентирано 18-годишно момче минатата година дебитираше на големата сцена, а веќе оваа година се најде во составот на Шпанија за Европското првенство во фудбал.

Да одиме со ред. На 27 септември минатата година Педри дебитираше за Барселона против Виљареал. Следниот месец го забележа првиот меч како стартер, на дуелот со Хетафе. Три дена подоцна го запиша и првиот гол за Барса и тоа на дебито во ЛШ во победата од 5:1 против Ференцварош. На 7. ноември го реализира и првиот гол во Ла Лига во триумфот над Бетис.

На 25. март оваа година дебитираше за Шпанија против Грција во квалификациите за СП 2022. На 17. април со Барса го освои Купот на Шпанија по триумфот над Атлетик Билбао.

Денеска се најде во составот на Луис Енрике за Европското првенство.

Браво момче! Неверојатен напредок на играчот од средниот ред кој е роден на Тенерифе и ја почна кариерата во младинските категории на локалниот Лас Палмас.

ПретходноKOНЕЧНО: По 16 години славниот Брондби одново е шампион на Данска!
СледноБлертон Шеји во Шкупи за 70.000 евра