По 250.000 евра за нашите претставници во Лигата на Конференции

648

Претставници на Македонија во новоформираната Лига на Конференции оваа година ќе бидат Шкупи, Струга Трим Љум и освојувачот на Купот, Силекс. Чаирчани ќе бидат носители во ждрепката за првото коло, додека другите два ќе бидат неносители. За настап во првата рунда македонските клубови ќе земат по 250.000 евра. Фиксни 150.000 плус уште 100.000 евра од солидарниот фонд како помош за помалите поради Ковид-19 пандемијата.

Во случај шампионот на Македонија, Шкендија да испадне во првата квалификациска рунда од ЛШ, тогаш ќе игра во второто квалификациско коло на Лигата на конференциите.

Ждрепката за првото квалификациско коло во КЛ е на 15 јуни, додека мечевите се играат на 8 и 15 јули.

ПретходноБлертон Шеји во Шкупи за 70.000 евра
СледноГвардиола е избран за најдобар менаџер во Премиер лигата