Ердал Ракип, играчот на Малме, за медиумите во Шведска потврди дека пролетва имал разговори да го облече дресот на македонската репрезентација. Тој дури изрази интерес за да го прифати овој предизвик, и да игра на ЕП.
„Би било интересно да играм на ЕП за друга репрезентација“, истакнал Ракип.
Меѓутоа откако стана јасно дека за Ракип нема место во селекцијата на ЕП, тој рече дека „не е крај на Светот“.
„Не се најдов на списокот за ЕП за Македонија, но тоа не е нешто што размислувам во моментов. Фокусиран сум само кон Малме“, рече Ракип.
Ракип има настапи за Шведска за младите селекции. Неговите родители потекнуваат од Македонија, меѓутоа барем засега Ракип нема да го облече дресот на Македонија, но не исклучи можност ако има двостран интерес во иднина, да се случи и тоа.