Руди Гарсија заврши со Лион, најави заминување

206

Откако Лион не успеа да се избори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, Руди Гарсија, актуелниот тренер на тимот, најави заминување од кормилото.

По поразот од Ница во последното коло од францускиот шампионат, поради кој Лион го зазеде само четвртото место и остана без учество во Лигата на шампионите, главниот тренер вели дека ќе си оди поради тоа што му истекува договорот.

„Ние сме многу разочарани. Само кошмарно сценарио. Овој натпревар беше последен за мене на чело на Лион. Би сакал да го напуштам тимот со учество во Лигата на шампионите. Оваа авантура завршува”, изјавил Руди Гарсија.

Претходно беше објавено дека Патрик Виеира најверојатно ќе стане новиот главен тренер на тимот.

ПретходноЛука Јовиќ ниту на земја, ниту на небо
СледноМакедонија во јуни на две контролни средби против Србија