Стратегот на Порто, некогаш легендарниот фудбалер на репрезентацијата на Португалија, потоа член на Интер, Парма, Порто, Лацио…Серџо Консеисао најверојатно ќе му биде новиот шеф на нашиот Дијамант, Елиф Елмас.
Откако Аурелио де Лаурентис, газдата на Наполи, објави дека Џенаро Гатузо и официјално не е веќе тренер на наполитанците, медумите во Италија веднаш побрзаа да објавата дека стратегот кој со Порто го елиминираше Јувентус во годинашната сезона во Лигата на Шампионите, е тренерот кој најверојатно ќе се седне на „жешката“ клупа на Наполи.
Да кажеме и тоа дека Елмас во Наполи, во изминатите две сезони соработуваше со Карло Анчелоти и Џенаро Гатузо. Којзнае, можеби со Консеисао ќе има повеќе среќа, односно поголема минутажа.