Скандал: Велкоски и соиграчите нападнати од фановите на Сараево…се “делеле“ и шлаканици!

530

Вистинска драма се случувала утринава на тренингот на Сараево во тренинг центарот на “бордо“ клубот на Бутмир. Имено нашиот репрезентативец Крсте Велкоски, кој е и капитен на тимот, заедно со своите соиграчи биле физички нападнати од фановите на Сараево. Имало и тепање, се “делеле“ и шлаканици. Најлошо минале соиграчите на Велкоски, Хоџиќ и Јукиќ.

По речиси неколку часовна драма, повеќе полициски патроли успеале да ги излечат играчите надвор од тренинг – центарот, а последен си заминал токму Велкоски.

Овој инцидент дошол откако Сараево вчера и дефинитивно ја загуби титулата во БиХ, и тоа од Борац Бања Лука, иако едно време Велкоски и соиграчите беа први и тоа со 13 бодови предност.

ПретходноЕнрике го објави составот на Шпанија за ЕП: Ги нема Рамос, Асенсио, Начо, Кепа…
СледноНеверојатно: Сладоледот е виновен што Челзи вчера загуби од Астон Вила!