Ретко виден автогол во „Цвајтe“, едните се смеат, другите се чудат (ВИДЕО)

389

Викендов како и во поголемиот дел завршија шампионатите во Германија. Во втората по ранг Бундес лига видовме необичен и помалку смешен автогол кој ќе се врти долго низ спортските емисии.

Поточно, дефанзивецот на Вурзбург на мечот против Падерборн, Нкаке од многу необична ситуација реши да реагира со глава на топка која и онака не влегуваше во голот, и да ја „лансира“ во аголот како врвен стрелец.

Ситуацијата може тешко да се опише со зборови, едноставно треба да се погледне видеото.

ПретходноПинг понг: Нова титула за Станојковски!
СледноТиквеш тргна по историски пласман во прва лига