СТАРТУВА МИСИЈАТА ЕУРО: Пандев и компанија утре се собираат во Скопје!

1522

Конечно и ние по цели 28 години дочекавме нашата најдобра фудбалска репрезентација да се собере и да ги отпочне подготовките и тоа за едно големо, големо натпреварување, а не само за натпревар. Имено утре во 20 часот, во хотелот “Хилтон“ во Скопје, закажан е собирот на нашите најдобри фудбалери, по што ќе почнат и со подготовките за настапот на ЕУРО (11 јуни до 11 јули). Треба да се јават 26-те фудбалери кои селекторот Игор Ангеловски ги повика за ЕП.

Со тренинзи се стартува во среда, базата на нашите национали ќе биде хотелот “Хилтон“, а ќе се тренира во спортскиот комплекс на ФФМ кој е на само стотина метри од хотелот. Секако дека одреден број на тренинзи ќе се одработат на Националната Арена “Тодор Проески“, каде што ќе одиграме и две пријателски средби со Словенија (1 јуни) и Казахстан (4 јуни).

Во Скопје ќе се тренира до 8 јуни кога се патува во Букурешт, а нашиот прв настап ќе го имаме на 13 јуни против Австрија. Во Букурешт ќе играме и со Украина (17 јуни), додека потоа се селиме во Амстердам, каде во последниот меч во групата ќе и гостуваме на Холандија (21 јуни).

Е, па, со среќа момци, наши херои…

ПретходноСерџо Консеисао ќе му биде тренер на Елмас!
СледноЗеко е експерт за Косовската лига