Екипата на Тиквеш утре со почеток од 16:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје го игра бараж натпреварот за пласман во првата лига против екипата на Силекс. Кавадарчани се амбициозен клуб во моментов, инвестираат доста и во екипата но и во инфраструктурата на стадионот во Кавадарци и сметаат дека се подготвени за да се вратат конечни по многу години во првата лига.
„Нема да кажам во проценти какви се шансите на тиквеш за успех на утрешниот натпревар но ќе кажам дека јас како тренер имам доста искуство со вакви мечеви бидејќи ова мки е трет бараж.
Ние реално четири месеци се подготвуваме за овој меч затоа што горе долу се знаеше дека ќе го играме. Сакаме даз одиграме одговорно, знаеме дека Силекс е екипа од ранг погоре, дека се квалитетни, не ги преценуваме но нема ниту да ги потцениме. На вакви мечеви многу сегменти може да влијаат, и јас верувам во овие момци. Знам дека момците се мотивирани, и знам дека ќе направат се за Тиквеш повторно да го вратат онаму каде што му е местото во прва лига“ – изјави Пане Блажевски, стратегот на Тиквеш.