Фода избриша четворица играчи од списокот на Австрија за ЕП

234

Австрискиот селектор Франко Фода го скрати поширокиот список за четири имиња. Во конкуренција за настап на Европското првенство останаа само 26 фудбалери, кои ќе бидат дел од официјалните подготовки.

Фода реши да го тргна голманот на Базел Хајнц Линднер, а ги остави Александер Шлагер од ЛАСК, Павао Перван од Волфзбург и Даниел Бахман од Ватфорд, кој воедно е дебитант. На списокот веќе не се Адријан Грбиќ, Хусеин Балиќ и Филип Мвене.

Австрија ќе биде противник на Македонија на ЕП 2020 на 13 јуни во Букурешт со почеток од 18 часот.

ПретходноГвардиола е избран за најдобар менаџер во Премиер лигата
СледноБудуќност во драматичен меч ја победи Звезда и избори „мајсторка“