Чеферин го промовираше пехарот наменет за шампионот во новата Конференциска лига на УЕФА

271

Следната сезона ќе започне сосема новотo клупско натпреварување на УЕФА – Конференциската лига. Тимовите учесници ќе играат за нов трофеј, кој УЕФА денеска и официјално го престави во јавноста.

Станува збор за пехар висок 57,5 ​​сантиметри и тежок 11 килограми. Трофејот кој ќе го добие најдобриот во ова трето европско клупско натпреварување се состои од 32 шестоаголни форми, по една за секоја екипа во групната фаза на натпреварувањето, извртени и закривени од основата на трофејот.

„Закривената форма на ‘рбетниот столб беше инспирирана од летот на фудбалската топка додека се движи кон голот – крајниот момент на оптимизам за навивачите“, велат од УЕФА.

Основата и горниот дел се изработени од месинг, со мат ефект од галвански челик, додека формите имаат сјајна завршна обработка со сребро.

Натпреварите од Конференциската лига ќе се играат во четврток, исто како и Лигата на Европа.

ПретходноЛевандовски првпат ја освои златната копачка
СледноЕнрике го објави составот на Шпанија за ЕП: Ги нема Рамос, Асенсио, Начо, Кепа…