Ѓорѓиев по поразот од Данска: Сега треба да одиме во Данска и да им се реваншираме

231

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од Данска го заврши првиот турнир од новото издание на Европската Сребрена лига. Викендов во Струмица се одржа првиот од двата квалификациски турнири за место на Ф4 турнирот чиј организатор и сигурен учесник е нашата репрезентација, а Македонија обезбеди две победи и пораз, доволни засега за второто место во групата.

„Тажен сум поради поразот, мора да анализираме добро и да почнеме да се поправаме. Не сакам да ни се случи 2018 кога губевме во група и дојдовме на завршниот турнир со мала самодоверба. Сега треба да одиме во Данска да се реваншираме, а за да го сториме тоа, ние мора да ја играме основната игра. Признавам дека тие вечерва беа одлични, но и ние им помогнавме“, изјави македонскиот капитен Никола Ѓорѓиев.

Вториот турнир стартува в петок во Шлагелсе, Данска, каде во премиерното коло Македонија игра токму против Данска и ќе се обиде да се реваншира за поразот во Струмица.

фото: CEV.eu

Претходно„Сите беа љубоморни на Самсоненко, на Вардар, на сето она што го имавме“
СледноСимиќ со Барселона стана младински првак на Каталонија