Марсело Биелса останува на кормилото на Лидс Јунајтед. Според англиските медиуми „Лудакот“ се договорил со клубот од Јоркшир на нов едногодишен договор што значи дека ќе продолжи да работи на „Еланд роуд“.
Биелса го внесе Лидс во Премиер лигата и имаше солидни резултати сезонава. Лидс заврши на деветтото место, а освојуваше бодови против Сити, Ливерпул, Јунајтед, Челзи, Лестер, Арсенал и Тотенхем.
Ќе видиме кој од играчите ќе остане во Лидс, а кој ќе си оди. Езџан Алиоски е поврзуван со многу екипи, се зборува за негово заминување, но ќе видиме дали раководството ќе се потруди да го задржи или ќе му даде одврзани раце. Алиоски во дебитантската сезона во Премиер лига реализираше два гола и запиша три асистенции.