Шкотскиот прелиерлигаш Килмарнок вечерва го игра најважниот меч сезонава. Реванш дуелот од плеј аутот за опстанок во лигата против Данди Јунајтед.
Првиот меч со 2:1 го доби тимот на Данди, ни оддалеку овој двомеч не е готов, но она што сите ги запрепасти е ситуацијата во таборот на Килмарнок кога станува збор за нивниот можеби најдобар играч Јусуф Мулумбу.
Некогашниот Француски младински репрезентативец, а потоа голгогодишен член на селекцијата на Конго, без никого да извести си заминал од Шкотска за Франција, иако сезоната сеуште не е завршена. Од клубот велат дека тоа што Мулумбу не е тука воопшто не ги изненадува туку напротив, дел од тимот е и радосен поради тоа.
„Не сум изненаден што си заминал. Работев со него, и добро знам за каков тип на играч станува збор. Кога станува збор за него, ама апсолутно ништо не ме изненадува. Откако е тука со ништо не придонесе да се наметне да се избори за дресот. Ова е потег по кој нормално ќе спијам повторно верувајте. Дури некои играчи ми рекоа дека се пресреќни што го нема“ – изјави тренерот на Килмарнок Томи Рајт па додаде.
„Вендаш по мечот со Хамилтон минатата недела ме известија дека си заминал. Тоа ме зачуди но не премногу. Потоа ми прати порака дека морал да замине итно за Франција и дека мора да разговараме, на што јас му реков дека тоа може слободно да го направи со мене во клупските простории. Потоа не за јави пак. Може да е во Франција, а може да е и на било кое друго место“ – додаде Рајт.