Пеп Гвардиола откри кој е новиот тим на Агуеро

429

Менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити,Пеп Гвардиола, практично ги потврди шпекулациите дека аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро ќе ја продолжи кариерата во Барселона . Кун Агуеро веќе објави дека ќе го напушти клубот од Манчестер по завршувањето на сезоната, а се уште е нејасно чиј дрес ќе го носи од новата сезона, но очекувањата се тој да стане соиграч на неговиот сонародник и екстра близок пријател Лионел Меси во Барселона.

„ Ќе откријам една тајна. Тој е близу до договор со клубот што го носам во моето, срце, со Барселона.  Тој ќе игра заедно со најдобриот фудбалер на сите времиња, Меси. Убеден сум дека тој ќе се забавува таму и можеби Барселона ќе биде посилна со него “, изјави Пеп Гвардиола по мечот со Евертон, и се расплака кога во интервјуто стана збор за Агуеро.

 

ПретходноЗеко е експерт за Косовската лига
СледноРамос со порака до соиграчите пред стартот на ЕУРО