Италијанските медиуми сензационално пренесуваат дека Јувентус ќе има нов тренер, и тоа во името на Џан Пјеро Гасперини.
Гасперини во последните три години работи одлично во Аталанта, и тимот игра во Лигата на шампионите, а направи голем успех со пласманот во 1/4 финалето минатата сезона.
Гасперини дел од играчката кариера ја мина во Јувентус, а после завршувањето на кариерата работеше во младите категории на „старата дама“. Во Аталанта е од 2016 година.
Меѓутоа сегашниот тренер Андреа Пирло вчера најави дека останува во Јувентус. Но, после сезоната во која во последното коло избори пласман во ЛШ, Пирло можеби да стане поранешен.
Масимилијано Алегри исто така се споменува како ново-стар тренер на Јувентус.