Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Теодор Симиќ и неговиот тим Барселона ја освоија младинската титула на Каталонија.
Викендов на завршниот Ф8 турнир, Барселона успеа во финалето да го совлада тимот на Хувентуд со 77-64 и со тоа да се закити со уште една титула во младинска конкуренција.
Нашиот репрезентативец во финалето постигна 3 поени за 11 минути во тимот на Барселона.