Иван Чупиќ по пет години си оди од Вардар се враќа во Хрватска. Дојде во 2016 година од Келце, а Скопје и Македонија ги засака како свои, вечно ќе биде благодарен за прекрасните денови минати во Вардар.
Чупиќ за Сител збореше токму за периодот минат во дресот на црвено-црните, но и за плановите ова лето. Европското првенство во фудбал ќе биде нешто што нема да пропушти, најави дека покрај Хрватска, ќе навива и за Македонија.
“Ќе навивам за Македонија секако, знам точно што значи за вашиот народ овој пласман”,рече Чупиќ