Капитенот на Сараево, Крсте Велкоски зборуваше за нападот од страна на навивачите на тимот кој се случи вчера, откако тој бил нападнат од страна на неколку фанови.
Меѓутоа Велкоски потенцира дека немало ништо страшно.
„Имаше упад, разговаравме со дел од навивачите и решивме се. Немаше нешто премногу. Не беше ништо страшно“, рече Велкоски.
Тој исто така коментираше за неисплатени плати во тимот на Сараево.
„Не е прв пат да се случи ваква ситуација. Имаше и пред неколку години, па ние ја освоивме двојната круна, а доцнеа 3-4 месеци со плати. На крајот се исплатија. Така ќе биде и овој пат“, потенцираше Велкоски.