Лил сензационално ја освои шампионската титула во Франција. Беа подобри во трката со финансиски и играчи помоќните Пари Сен Жермен, а и непредвидливите Монако и Лион. По 2011 година „кучињата“ одново го носат трофејот дома, а се прашувате што е тајната на нивниот успех. Добрата тактичка подготвеност, добрите настапи на клучните натпревари и најважно цврстата одбрана.
Лил ја има најдобрата одбрана од сите екипи во топ 5 европските лиги. Тие скор од 24 победи, 11 ремија и три порази и најдобар дефанзивен ред – само 23 примени гола! ПСЖ има пет повеќе.
Во Германија најдобра одбрана има Лајпциг со 32 примени гола, шампионот Баерн има 44. Во Премиер лигата најцврста последна линија има шампионот Манчестер Сити со 32 примени голови. Во Серија А шампионот Интер заврши со 35 примени погодоци, а веднаш зад нив е Јувентус со 38.