Ренова беше на прагот на Втората лига. “Гипсарите“ ги делеа неколку секунди од шок, но тогаш грешката на голманот на Охрид, Симоновски, ја искористи Шефити во 90.минута и постигна гол за 2:2.
Во пенал – рулетот искуството на Ренова беше пресудно…
Дека било многу тешко за “гипсарите“ свое видување даде и тренерот Ќатп Османи, кој по мечот за СПОРТМЕДИА изјави…
“Уф, се извлековме. Искрено и среќата беше со нас, но таа ги прати храбрите. И кога губевме не се предадовме, фрливме се на една карта и затоа успеавме прво да израмниме, а потоа и на пенали да победиме. Знаев дека ќе биде тешко, но дека ќе биде толку тешко, навистина не очекував. Сакам да им ушатам јавни честитки на нашите играчи“ посочи Османи.