Како што денеска известуваат медиумите во Шпанија, Барселона подготвува спектакуларна понуда до Јувентус. Со цел да го добијат Матијас де Лихт, каталонците се подготвени да го вратат Пјаниќ во Јуве, а клубот од Торино би можел да бира и помеѓу Гризман и Дембеле. Значи во “игра“ се двајца напаѓачи, а каталонците сакаат во офанзивата да направат место за Агуеро и Депај.
Покрај Јувентус, за босанскиот интернационалец силно се заинтересирани и Баерн Минхен, ПСЖ и Челзи. Од друга страна Пјаниќ оваа сезона во Барселона воопшто не се наигра.