Австррскиот интернационалец и репрезентативец со српски корени Александар Драговиќ е нов стопер на тимот на Црвена Звезда. По долги и тешки пред се преговори околу неговиот ангажман, конечно од Белград објавија дека Драговиќ во следниот период ќе настапува за Звезда.
Во договор тежок 600.000 евра по сезона, Драговиќ ќе биде засилувањето за Црвена Звезда со кое овој клуб повторно ќе сака да обезбеди Европска зима, а зошто не и пролет.