Жан Тод: Го посетувам Шумахер два пати месечно

778

Некогашниот шеф на тимот на Ферари во Формула 1 шампионатот, Жан Тод уште еднаш проговори на темата Михаел Шумахер.

Тој како и обично не даде никакви детали околу состојбата на легендарниот возач, кој страдаше во несреќа во 2013 година.

„Секако дека од почит кон семејстово и самиот Михаел нема да дадам детали за неговата состојба. Ќе кажам само дека го посетувам два пати месечно. Ние пројдовме многу заедно, и сеуште сме заедно. Не сакам да го оставам сам“ – изјави Тод.

Долго најавуваниот документарен филм за Михаел Шумахер кој требаше да ги обелодени сите мистерии и детали за неговата несреќа како и состојба во моментов е одложен поради пандемијата од коронавирусот, но наскоро ќе излезе во јавноста.

Во него ќе се појави целото негово семејство со секако екслкузивни снимки и нормално правата вистина околу животот на Михаел Шумахер по несреќата во 2013 година која засекогаш му го промени истиот.

 

Претходно„Лозари“ преку видео-бим во Кавадарци, ќе навиваат за Тиквеш (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Ренова прими гол од пола терен, а потоа израмни, 0:0 на Арената, но Тиквеш е многу подобар! (ВИДЕО)