Познати се полуфиналните двојки за фајнал-форот завршницата во Лигата на Шампионите, која е закажана од 12-13 јуни во добро познатото место “Ланксес“ Арената во Келн.
Нашиот најдобар ракометар и предводник на националниот тим, Кирил Лазаров и неговиот Нант за противник во битката за место во финалето го добија тимот на Барса. Клуб со кого Лазаров ја има освоено и ЛШ.
За македонската гол – машина ова ќе биде седмо учество на Ф4, додека за Нант ќе биде второ во историјата. Францускиот тим беше дел од најдобрите четири тима во ЛШ и во 2018 година, кога Вардар беше бранител на титулата, но тогаш на врвот се искачи Монпеље.
Нант до Келн дојде откако го елиминираше силниот состав на Веспрем.
Во втората полуфинална двојка ќе играат ПСЖ и Алборг.