Лука Модриќ потпиша нов договор со Реал Мадрид

233

Лука Модриќ и следната сезона ќе настапува за Реал Мадрид. Клубот предмалку објави дека е потпипана нова едногодишна соработка, со која Хрватот ќе биде дел од клубот и во следната сезона.

Модриќ има во моментов 35. години но и натаму е еден од најдобрите играчи за врска во светот. Неговата освоена златна топка за најдобар играч на светот пред три години му дава за право да биде сметан за врвен играч и на овие години и да игра на највисоко ниво.

Тој е само еден од оние со кои управата на Мадрид во моментов преговара за нова соработка, а следен би требало да биде Серхио Рамос.

 

ПретходноХанси Флик официјално нов селектор на Германија
СледноБензема конечно проговори за односот со Жиру, и за враќањето во репрезентацијата