Наградниот фонд што клубовите ќе го делат за учество во Лигата на шампионите во сезоната 2021/22 година скокна на 2,032 милијарди евра. Секој тим што ќе ја мине групната фаза на турнирот ќе добие 15,64 милиони евра или 390.000 евра повеќе од оваа сезона.
Секоја победа во групната фаза ќе биде наградена со 2,8 милиони евра (100.000 повеќе од оваа сезона), реми ќе носи 930.000 евра (+30 илјади евра).
За пласман во 1/8-финалето од Лигата на шампионите ќе се добијат 9,6 милиони евра (+100.000 евра), пласман во 1/4-финалето ќе носи 10,6 милиони евра (+100 илјади евра), а во полуфиналето тимовите ќе инкасираат дополнителни 12,5 милиони евра (+500 илјади евра). За финалистите се предвидени награди од 15,5 милиони евра (+500 илјади евра).
Победникот на турнирот ќе добие дополнителни 20 милиони евра, еден милион повеќе од оваа сезона.