Легендарниот капитен на Бетис, Хоакин, иако на 21 јули ќе наполни 40 години, денеска потпиша нов едногодишен договор со „зелено-белите“.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија стана најстариот стрелец во историјата на Примера на 39-годишна возраст, седум месеци и пет дена, кога на почетокот на март постигна гол во победата над Алавес од 3:2.
Ова е вторпат во неговата кариера да игра за својот матичен клуб, каде ја започна својата кариера. Некое време играше за Валенсија и Малага, како и за Фиорентина во Италија.
Хоакин е втор во историјата на Примера според бројот на одиграни натпревари. Досега има вкупно 579 натпревари, и се уште е зад легендарниот голман Андони Зубизарета, со 622 настапи.