Охрид во солзи…Шефити и Велии ја спасија Ренова! (видео)

1545

Каков меч на ФФМ. Охрид беше блиску, многу блиску до Прва лига. Имаше водство од 2:1 до 90.минута, но потоа Шефити израмни на 2:2 и се пријде на изведување на пенали.

Таму подобри беа “гипсарите“, поточно Велии кој успеа двапати да им ги фати ударите на охриѓани, а тие еднаш шутираа и над гол.

Па така нема сензација. Ренова остана во ПМФЛ и ќе игра во елитата и во следната сезона.

Инаку регуларниот дел заврши со резултат 2:2. Охрид двапати водеше, и тоа со головите на Трпески во 4. и Митев во 50.минута. Но Шефит Шефити во 19.и 90. успеа да израмни. Во финишот Охрид играше со играч помалку поради црвен картон.

Потоа се помина на изведување пенали.

ПретходноСензационално:Тиквеш го испадна Силекс во втора лига, на ФФМ ќе има пенали! (ВИДЕО)
СледноПрволигашко Кавадарци во еуфорија: Тиквеш по 17 години во елитата! (ВИДЕО + ФОТО)