Ретко кој веруваше дека Тиквеш ќе го победи Силекс во баражот и ќе успее по вели 17 години да се пласира во Првата лига. Се чини дека попладнево на Арената, кавадарчани го направија невозможното.
Сосема логична беше радоста на тренерот на Тиквеш, Пане Блажевски. Тој успеа да го однесе Тиквеш во елитата.
“Ова ми е трет бараж во кариерата за Прва лига. Ете, победивме, момците одиграа квалитетно, се што постаавув тактички замисли тие вела недела го работеа. Го анализиравме добро Силекс, уште еднаш честитки, им честитам на овие монци, на цел град на Кавадарци, на фановите на Тиквеш, на сите што го сакаат фудбалот и Тиквеш посебна благодарност“ изјави по мечот стратегот на Тиквеш.