Повеќе одмор за капитенот: Пандев во сабота се приклучува на подготовките за ЕП!

587

Како што и треба, Горан Пандев ќе добие нешто подолг одмор од неколку денови.

Нашата фудбалска икона место вечерва да се појави во хотелот “Хилтон“ за кога е закажан собирот и стартот на подготовките за ЕУРО, тој ќе им се приклучи на своите соиграчи во сабота.

Останатите репрезентативци вечерва прво треба да минат на Ковид-19 тестот, како што налагаат најстрогите протоколи, веднаш ќе бидат сместени во посебни соби, а откако ќе ги добијат резултатите ќе може да се приклучат во базата во хотелот “Хилтон“ кој се наоѓа во непосредна близина на ФФМ терените. Токму тука во најголем дел, нашите момци ќе тренираат и ќе се подготвуваат за настап на историското Европско првенство.

ПретходноЈокиќ го натера Шек да учи српски јазик (ВИДЕО)
СледноСимеоне: Ме прашаа дали го сакам Суарез во тимот, почнав да се смеам