Покетино повторно фаворит за клупата на Тотенхем

263

Маурицио Покетино и тимот на Тотенхем повторно се главна тема на медиумите во Англија. Откако и двете страни немаа баш успешна сезона, Покетино како кормилар на ПСЖ, а Тотенхем под водство на Мурињо, сега обете страни очигледно сакаат да ја возобноват старата конекција која носеше резултати.

Тотенхем го отпушти Мурињо пред околу еден месец, тимот ја доврши сезоната со Рајан Мејсон на клупата но секако дека интензивно се бара тренерско решение.

Даниел Леви првиот човек на Тотехем јавно призна дека најголемата грешка во професионалната кариера е отказот на Маурусио Покетино кој му го врачи во ноември 2019 година.

Навивачите во последно време се екстра гневни кон Леви, а за да ги придобие колку толку на своја страна тој ќе инсистира на враќање на Покетино. Освен тоа, Англиските медиуми тврдат дека само тој може да го убеди Хери Кејн да остане и да не замине во друг клуб.

 

ПретходноВајналдум е нов играч на Барселона
СледноШкупи објави, добредојде Блертон Шеји