Полувреме: Ренова прими гол од пола терен, а потоа израмни, 0:0 на Арената, но Тиквеш е многу подобар! (ВИДЕО)

460

Завршија првите полувремиња од бараж натшреварите за пласман во ПМФЛ. Љупчо Трпески, играчот на Охрид попладнево го постигна голот на својата кариера. Шутираше од пола тере, веројатно имаше 60 метри, топката го изненади голманот на Ренова, Хадис Велии. Тоа беше комичен гол за 1:0 за охриѓани во 4.минута. Сепак Ренова се созема и со голот бна Шефити во 19. успеа да израмни на 1:1. Овој меч се игра на ФФМ.

На Арената, на мечот меѓу Тиквеш и Силекс првиот дел заврши со резултат 0:0. Сепак треба да се каже дека второлигашот беше далеку подобар. Имаше барем четитири шанси, две на Христов, а по една на Спахиу и Наумоски, но сепак немаше гол.

РЕНОВА – ОХРИД

 

ПретходноЖан Тод: Го посетувам Шумахер два пати месечно
СледноВеднаш најде работа: Гатузо нов тренер на Фиорентина