Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид и ќе застане на „кормилото“ на Јувентус, открива Л’Екип.
Францускиот стратег оваа недела ќе има состанок со Флорентино Перез, по што и официјално ќе биде потврдена новата разделба.
Перез не е задоволен бидејќи неговиот тим не освои ниту еден торофеј за првпат од 2009/201о година. Некогашниот ас на „кралскиот тим“ минатата недела рече дека на Реал ќе му биде подобро без него.
Доколку се врати во Јувентус ќе постане член на “Старата дама“ после 20 години од своето заминување од Торино во Мадрид.
Јувентус со Пирло го освои Купот и Суперкупот на Италија, дури во последното коло обезбеди пласман во Лигата на шампиони. Според најавите тој ќе си замине од клубот.