Репрезентативците за повик ќе добијат по 1.500 евра, ако ја минат групата на ЕП уште по 1.500!

1516

Што се однесува до премиите, за нашата репрезентација ЕУРО може да почне. Уште минатата недела УО на ФФМ јавно ги кажа премиите за нашите фудбалери и стручниот штаб за претстојното ЕП.

Инаку за самиот повик, секој член на нашата репрезентација ќе добие по 1.500 евра. Интересно, ако ја минеме групата на ЕП тогаш ќе добие дополнителни 1.500 евра. Што е и логично, за нив тогаш ЕП ќе потрае подолго. Ова не е премија, ова се пари како дневница.

Што се однесува пак до премиите и тие се познати. Секоја победа во групата, а играме против Австрија, Украина и Холандија, ќе носи заедничка премија од 300.000 евра. Во случај на реми таа сума ќе изнесува 150.000 евра. Значи ако Пандев и компанија успеат да победат на сите три меча тогаш ќе поделат близу милион евра, или поточно 900.000 евра.

Има премија и за пласман во следната фаза. Имено ако ја минат групата, нашите репрезентативци ќе бидат премирани со 30% од износот кој ФФМ ќе го добие од УЕФА за покривање на трошоците за учество на ЕП.

ПретходноБензема конечно проговори за односот со Жиру, и за враќањето во репрезентацијата
СледноДраговиќ нов стопер на Црвена Звезда