Роналдо: Ја остварив целта која ја поставив кога дојдов во Италија

985

Кристијано Роналдо и Јувентус ќе играат во Суперкупот на Италија, откако го освоија Купот на оваа земја. Португалскиот фудбалер оваа сезона одново нема да се бори за трофејот во ЛШ, откако беше елиминиран во осминафиналето.

Ако се прашува Роналдо иако не освои многу трофеи за него ова е успешна сезона.

„Животот и кариерата на секој голем играч се состои од успеси и падови. Година за година се бориме со фантастични момци, врвни играчи и амбициозни цели, па секогаш мора да го даваме максимумот за да бидеме на врвно ниво“.

Според португалскиот фудбалер треба да се вреднува она што клубот го направи сезонава.

„Трофеј за Куп, Суперкуп и за најдобар стрелец во Серија А, ме исполнуваат со среќа особено поради тешкотијата низ која ја минува оваа земја, во која пак не е лесно да победуваш. Со овие успеси ги исполнив целите кои си ги поставив кога дојдов во Италија: да го освоиме првенството, куп и суперкупо, но и да бидам најдобар играли и најдобар стрелец во оваа фудбалска земја полна со големи клубови и силни играчи“.

ПретходноБудуќност во драматичен меч ја победи Звезда и избори „мајсторка“
СледноЈокиќ го затрупа кошот на Портланд (ВИДЕО)