Саутгејт го објави поширокиот список на Англија за ЕУРО!

1235

Толку очекуваниот список на репрезентацијата на Англија конечно е објавен. Селекторот Герет Саутгејт ги соопшти 33 -та фудбалери, од кои само 26 ќе патуваат на ЕУРО. Кратењето на списокот ќе биде на 1 јуни.

И нема дилеми дека овој состав на Англија делува застрашувачки, тука се сите ѕвезди на кои Англичаните и селекторот Саутгејт можат да сметаат.

Кејн, Стерлинг, Фоден, Вокер, Александер Арнолд, Хендерсон, Маунт, Рашфорд, Санчо…се само дел од екстра класа репрезентацијата која е една од најголемите фаворити на претстојното ЕП за највисок пласман.

Англичаните првиот меч го играат против Хрватска на 13 јуни.

ПретходноАнгеловски, сепак, ќе почека – Балардини најави останување во Џенова
СледноХаланд го победи Левандовски во трката за најдобар играч во Бундеслигата!