Селмани: Ќе ни биде чудно, Ренова првпат игра бараж, мора да го победиме Охрид!

396

По цели 15 сезони непрекинат престој во Првата фудбалска лига на Македонија, екипата на Ренова денеска ќе игра бараж за опстанок. Клубот кој во 2005/06 ја имаше деби сезоната во елитата, во сезоната 2009/10 ја освои и титулата, попладнево ќе игра бараж против Охрид.

Натпреварот се игра на ФФМ во Скопје, со почеток од 16 часот.

Ремзифаик Селмани, напаѓачот на “гипсарите“ пред денешниот најважен меч за својот клуб во последните неколку години, за СПОРТМЕДИА изјави.

Вистина е дека ќе ни биде чудно. Лани игравме во Европа, сега се бориме за гол живот што се вели. Ренова за првпат игра бараж за опстанок, јасно е дека притисокот ќе биде врз нас, па ние сме прволигаши. Уште повеќе е јасно дека овој натпревар мораме да го добиеме, но нема воошто да биде лесно, напротив. Охрид е жилава екипа која веројатно во текот на сите 90 минути ќе игра строго дефанзивно. Да се играа два меча ќе беше поинаку. Затоа сега максимално треба да бидеме внимателни, не смееме да правиме никакви грешки. Треба да бидеме оние вистинските како Ренова, и да ги разрешиме сите дилеми околу тоа кој ќе игра следната сезона во елитата“, вели Селмани.

ПретходноГоргиев: Респект за Тиквеш, но Силекс е поквалитетен тим, очекувам победа!
СледноПоминаа 20 години, повторно дојде време за Зидан?