Сензационално:Тиквеш го испадна Силекс во втора лига, на ФФМ ќе има пенали! (ВИДЕО)

1771

КАКВА СЕНЗАЦИЈА. Кавадарци слави. По цели 17 години Тиквеш е прволигаш. Тиквеш го победи Силекс во баражот со 1:0, со голот на Спахиу во 55.минута. И заслужено, Тиквеш беше подобар во овој бараж дуел. Имаше повеќе шанси, и ова е слатка одмазда за поразот од пред две години во Ѓорче, кога тогаш Силекс победи во баражот.

Сега Силекс ќе игра во Втора лига -запад, и ќе игра во Европа.

Во вториот бараж, кој се играше на ФФМ ќе има пенали, Охрид двапати водеше, Ренова двапати израмнуваше.

ПретходноЕкс Шкендија решава за титулата во Албанија: Тодоровски или Буба и Жуниор, или, пак, Брдариќ!
СледноОхрид во солзи…Шефити и Велии ја спасија Ренова! (видео)