Луис Суарез го водеше Атлетико до титулата првак во Ла Лига, момент кој овој клуб го чекаше седум години. Во неделата фудбалерот на Уругвај постигна гол за победа против Ваљадолид и ја круниса одличната сезона.
Искусниот напаѓач го запиша 21 погодок во тамошниот шампионат и заврши како убедливо најдобар стрелец во редовите на Атлетико Мадрид.
За многумина останува енигмата како е можно Барселона да го пушти иако во составот немаше вистински напѓач. Суарез конечно откри зошто заминал од овој тим и како го избркале.
„Роналд Куман ми рече дека ако утре не ја напуштам Барселона за мене нема да има место за дуелот со Виљареал. Сосема беше јасно дека одлуката беше од врвот на клубот“, рече Суарез и додаде:
„Тогаш ми стана јасно дека тој е човек без карактер. Прво порача дека не смета на мене, а потоа дека нема да ме стави во состав ако не го напуштам клубот. Ниту Куман, ниту Бартомеу, ниту било кој од некогашната управа на Барселона не ми честиташе за титулата, но јас им подготвив убава фотографија која им ја пратив“.
Шпанските медиуми веднаш објавија дека Суарез им ја пратил фотографијата со пехарот.
„Беше многу болно кога Барселона ме присили да тренирам сам, одвоено од другите момци. Многу патев поради тоа. Атлетико ми ја отвори вратат и секогаш ќе му бидам благодарен бидејќи веруваа во мене“, изјави Суарез по мечот со Ваљадолид со солзи во очите.
ФОТО: sportsport.ba