Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд е прогласен за играч на сезоната во Бундес лигата. Голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски реализираше рекордни 41. гол и стана шампион, меѓутоа според навивачите Халанд заслужува да ја понесе наградата за број 1 во најсилниот германски шампионат.
Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд доби најмногу гласови од навивачите на официјалниот сајт на Бундес лигата. Тој реализираше 27 гола на 28 натпревари, од кои само два од пенал. Тие 27 гола ги постигна во 50 удари кон противничките голови. Освен тоа Норвежанецот има и 6 асистенции.