Ќатип Османи: Уф, се извлековме, честитки за играчите на Ренова!

856

Ренова беше на прагот на Втората лига. “Гипсарите“ ги делеа неколку секунди од шок, но тогаш грешката на голманот на Охрид, Симоновски, ја искористи Шефити во 90.минута и постигна гол за 2:2.

Во пенал – рулетот искуството на Ренова беше пресудно…

Дека било многу тешко за “гипсарите“ свое видување даде и тренерот Ќатп Османи, кој по мечот за СПОРТМЕДИА изјави…

Уф, се извлековме. Искрено и среќата беше со нас, но таа ги прати храбрите. И кога губевме не се предадовме, фрливме се на една карта и затоа успеавме прво да израмниме, а потоа и на пенали да победиме. Знаев дека ќе биде тешко, но дека ќе биде толку тешко, навистина не очекував. Сакам да им ушатам јавни честитки на нашите играчи“ посочи Османи.

ПретходноШок за кратовци, Силекс во втора лига, Симов им честита на кавадарчани!
СледноОва се 12-те клубови кои следната сезона ќе играат во ПМФЛ, ги нема Вардар, Силекс…!