Актуелниот тренер на Џенова, Давиде Балардини е многу блиски и натаму да остане дел од оваа екипа. Иако се шпекулираше негова смена, а се шпекулираше со името на Игор Ангеловски, сепак, во изјава за италијанските медиуми Балардини најавува дека ќе остане.
„Зборував со претседателот, се договоривме уште еднаш да се видиме до крајот на неделава. Последниот збор го има претседателот, денешната средба даде резултат, и задоволен сум што ме повика на разговор. Јас мислам дека ќе останам, но прво треба уште еднаш да разговараме“, рече Балардини.